На многу начини речиси секој родител ќе се поврзе со овие нешта: вашето дете не слуша, вашето дете не е заинтересирано да го прави она што му го кажувате и уште повеќе, се смета дека е главно во семејството.

Но, и покрај тоа што сите мали деца се донекаде управувани од егото, еден експерт вели дека во некои семејства проблемот оди подалеку од тоа.

Д-р Дебора Макенмара, клинички советник со седиште во Канада, едукатор и автор на книгата „Одмор, игра, растење – создавање смисла кај децата од предучилишна возраст“,  вели постои група „алфа-деца“ што можат да го направат родителството вистински предизвик.

– Проблемот е во доминацијата – вели д-р Макенмара за феноменот „алфа-дете“.

– Ако имате „алфа-дете“, тогаш односот станува тежок. Вашето дете е приврзано за вас, но хиерархијата не е правилна – вели таа, истакнувајќи дека овие деца го диригираат начинот на кој родителот треба да се грижи за нив.

Родителот често опишува дека детето многу бара, се однесува како да е шеф и командува на начин што го надминува чувството на предшколско дете дека светот се врти околу него.

– Да, четиригодишниците можат да бидат полни со отпор и фрустрации на моменти, но исто така можат да ги следат возрасните во преостанатиот дел од времето. Генерално кажано, кога детето има доминантна позиција во односот родител-дете, тоа не се покорува, не слуша наредби од родителите. Хронично е и трајно. Родителите честопати се истоштени и уморни од тоа детето да не ги слуша, ниту да ги следи.

Повторно воспоставување на улогата на родителот како глава на куќата

Според д-р Меканмара, не постои посебна семејна структура, возраст или фаза каде што алфа-децата се поистакнати, можеби затоа што ова не е научена улога, туку одговор вкоренет во длабоките човечки инстинкти.

– Инстинктот да стане алфа-дете и да заземе водство е предизвикан кога возрасните не водат или кога има предизвик во околината на детето, а детето смета дека возрасниот не може да му овозможи безбедност – вели таа.

Додава дека се очигледни некои од причините зошто децата ја изгубиле вербата во своите старатели – на пример, ако нивните родители ги запоставуваат. Но, проблемите со доминацијата се присутни и во домовите што се полни со љубов и грижа.

– Коренот на сето тоа е поврзан со поврзаноста. Сепак, забораваме дека поврзаноста е неверојатно ранлива позиција – вели докторката. Таа нагласува дека одговорот не е нешто што децата активно го избираат.

– Инстинктивно е. Децата треба да бидат зависни со оглед на тоа што се незрели и потребен им е некој да ги води. Негувањето на врските каде што детето може да ужива во грижата од родителите е услов за добар раст – додава таа.

За да ги поправат работите, д-р Макенмара вели дека родителите на алфа-децата треба да ја обноват сопствената улога како глава на куќата; чин што овозможува нивното дете да се „откаже“ од борбата за доминација. Таа вели дека ако бидат многу груби, детето нема да им верува, но ако се постават како лидери и ако не ја „поканат“ зависноста, детето ќе ги следи.

Шест чекори за „поканување“ на зависноста

1. Најдете го вашиот алфа-став

Во секој чекор покажете му и пренесете му на вашето дете дека можете да се грижите за него. Одолејте му на нагонот да му ги одземете работите или да му ги скратите привилегиите за да го натерате да ви ги побара: тоа нема да ви помогне во изградбата на довербата.

– Треба да ја преземете улога на лидер во грижата за детето и не смеете да дозволите неговото однесување да ја прекине таа поврзаност – вели д-р Макенмара.

2. „Поканете ја“ зависноста

Како родител, вашата улога е да направите безбедна околина за вашето дете да зависи од вас. По конфликтот охрабрувајте го детето да зборува за своите чувства и однесување.

3. Вие сте лидер во активностите

Некои алфа-деца многу често не сакаат да го напуштат домот (на овој простор им е лесно да зависат сами од себе). Наоѓањето можности да излезете некаде каде што вашето дете треба да зависи од вас за да се грижите за него е одлична можност да се покажете како лидер.

4. Исполнете ги неговите потреби наместо неговите барања

Секое дете има барања од своите родители, но барањата на алфа-децата се постојани. Размислете за тоа што им е потребно, наместо за она што го бараат.

5. Не консултирајте се со детето

Колку и да е тешко, важно е да избегнете премногу консултации со вашето дете за работи што вклучуваат грижа за него.

– Кога детето не ги следи вашите насоки, обично нема ни да ги следи вашите директни наредби. Треба да бидете внимателни за тоа како се справувате со работите што тоа треба да ги следи – вели д-р Макенмара.

6. Скријте ги вашите потреби

Иако понекогаш е тешко да ги скриете сопствените потреби, а особено емоциите ако вашето дете се однесува лошо, д-р Макенмара вели дека е важно да ги задржите чувствата.

Извор



912

X