– Зошто исцрпеноста на мајките стана знак на честа? Како стана општествено прифатливо, дури и восхитувачко, да дадете толку многу што вашето тело и душа прерано умираат поради недостиг на одмор и духовно обновување – се прашува Хедер Шовин, авторка и мајка на две деца.

Зошто? Зошто на мајката се гледа како на една од најпотценетите позиции што можеме да ги имаме, а сепак човечкиот развој е толку многу поврзан со здравјето и благосостојбата на мајката? Го гледаме и го дефинираме мајчинството на начини кои се контрадикторни и самоуништувачки. Откако станав мајка на две деца, мојот живот почна да ги рефлектира уште подлабоко овие вкоренети културни верувања околу мајчинството.

На крајот, почнав да го нарекува „синдром на прегорување од желбата да бидам добра мајка“.

Кога и да споменев колку сум исцрпена, секогаш го добивав истиот одговор: „Имаш деца дома. Нормално дека си уморна“.

Очајна за нови идеи и решенија, сурфав на интернет, но единственото нешто што го најдов на оваа тема беа блоговите на мајките кои се шегуваа за „соковите на мама“ и „времето на мама за вино“ – пишува авторката на „Мајнд боди грин“.

Во еден момент, на социјалните мрежи забележав објава на позната милијардерка-претприемач, која исто така е мајка, во која се жали на својата исцрпеност и им ја припишува на децата и воспитувањето.

Не бев само обесхрабрена, туку и бесна. Се однесуваше како моќна деловна жена, но и таа ја прифати идејата дека мајчинството е хаос и страдање. Оваа идеја е толку длабоко вкоренета во нашата дефиниција за „добра“ мајка, што нема пари, статус или надворешна помош што може да ги отстрани. Се сеќавам дека си мислев: – Дали е можно прифаќањето на ова гледиште за мајчинството да е единствениот начин да се биде „добра мајка“? Дали менталната, емоционалната или физичката исцрпеност навистина останува само на жените кои се мајки?

Како вработена мајка, дури и кога им давав на децата најмногу што можев, се чувствував како неуспешна. Се чувствував полошо.

Погрешна перцепција за „добра мајка“

Пораката на општеството е јасна: „Ако не сте постојано исцрпени или не сте во постојана, очајна потреба од кофеин и/или вино, очигледно не се обидувате доволно напорно. Ако не ги жртвувате своите потреби и желби за децата, не сте добра мајка.

Да се биде „добра“ мајка, тоа предизвикува исцрпеност. Убаво е да се жалите на тоа, дури и да се пошегувате за заморот и недостигот на време за себе, под услов да сфатите дека тоа го прават мајките кои се добри во својата работа – мајчинството.

Колку повеќе станував свесна за такво вкоренето размислување, толку почесто гледав докази за таквото однесување. Се сетив на она што се случуваше пред неколку години, кога една мајка ме праша како можев да купам скап шампон за коса, требало да купам поевтин и да заштедам пари. Така и направив.

По тој настан, сфатив дека со таквото штедење не му правев никому услуга. Па повторно си купив скап шампон. Само тој мал чин на бунт не беше доволен. Иако мојот став се смени и повеќе не се чувствував виновна што се почестив себеси.

Црпејќи енергија од скудни резерви, продолжив да работам, да ги учам и да се занимавам со моите деца во очајна желба за потврда од луѓето околу мене. И тогаш се случи…

Иако бев попристрасна кон мајките што се грижеа за себе, не можеше да се негира дека не сум среќна.

Физички, психички и емоционално, се чувствував оптоварена со мизерија што почна да се претвора во тивко, но непобитно чувство на очај.

Дали тоа беше поентата на мајчинството? Ако е така, дефинитивно не сакам да бидам таква мајка. Никогаш не би сакала да се чувствувам така. Имаше толку многу денови кога очајно сакав да плачам, исцрпена на секој можен начин. Не можев ни секунда да издржам во таа средина на постојана жртва.

Моите деца се неверојатни суштества, и двајцата целосно го освоија моето срце, а сепак потајно се прашував колку повеќе треба да дадам. Иако станував посигурна во одлуката дека треба да се грижам и за себе, заморот го носев како знак на чест.

Дијагноза на проблемот

Тоа чувство дека заостанувам растеше додека растеше мојот син Калвин. Колку повеќе се приближуваше периодот да стане момче, толку повеќе енергија имаше. Постојано беше активен, од моментот кога ќе ги отвореше очите, до моментот кога си легнуваше. Пред мајчинството не бев личност што го сака утрото. Немав навика да скокнам од кревет, но со Калвин се чинеше дека мора. Тоа длабоко ме вознемируваше, се чувствував како да немам контрола над мојот живот. Тој утрински метеж ми ги трошеше сите нерви, а трпеливоста не беше ни на повидок. Како некој што отсекогаш бил многу чувствителен на бучава и хаос, постојано се чувствував надвор од рамнотежа.

Преземање на контрола

Конечно заклучив дека е доста. Почнувањето го секој ден во паника ме исцрпуваше. Читајќи различни статии за психолошкото здравје, наидов на една што зборуваше за утринската рутина и за важноста да се придржува до неа. И решив да создадам утринска рутина што ќе ме придвижува.

Одлуката да се направи едноставна промена се покажа како исклучително вредна. Со текот на времето тоа ми стана навика што и понатаму ја правам кога ќе го започнам денот. Немам строго поставен распоред или навика што верно ја следам и не ми одговара кога се држам до една рутина премногу долго. Медитирам неколку месеци затоа што ме опушта, а потоа еден ден се буда, со голема желба да пишувам.

Дефинирајте го сопствениот успех

Иако идејата да останете отворени за вашите нови копнежи и желби може да изгледа привлечна, во културата што честопати го дефинира успехот како „секогаш повеќе, подобро, посилно“, мојата потреба за флексибилност може да изгледа како неуспех за луѓето. Дали моите успеси се помали затоа што не сакам целосно да ѝ се посветам на една работа?

Како што одминуваше времето и пробав сè, се покажа дека мојата идеја за успешна утринска рутина значи дека воопшто не морам да ја имам. Мојата цел беше да создадам утра кои ме негуваат духовно, емоционално и физички. Како ќе го постигнам ова, зависи од утро до утро.

Без разлика дали ви оди подобро со овој пофлексибилен или конзистентен пристап, би сакала да ве охрабрам да размислите за вашите утра. Што можете да направите за да го направите почетокот на денот попријатен и исполнет?

Извор



912

X