„Како твојата куќа е секогаш чиста, а имаш 6 деца и работиш?“ – вистината е дека кога се јадат шпагети болоњезе, веднаш ќе забележите дека 8 луѓе живеат во овој дом, но делумно е средено и чисто. Тоа ме прави среќна. Но, имам неколку едноставни правила.
Правило број 1: Децата помагаат
Цртаме, редиме коцки, се валкаме надвор, но потоа децата мора да расчистат и да се измијат. Играчките се враќаат на место, валканата облека се носи во машината за перење, а чистите алишта се местат на своето место. Знаат да се облечат, знаат каде се остава облеката, знаат да ја стават валканата во машината, знаат каде стојат чантите и чевлите, знаат да ги наместат креветите. Сè се сведува на рутина и навика.
Правило број 2: Фрлање отпадоци
Имам само предмети што постојано ги користам, имаме малку мебел, доволно ќебиња за секој од нас, но не користиме бескорисни нешта. Она што ни ни треба навистина го фрламе. Ако нешто не го користите постојано, зошто би ви било потребно?
Правило број 3: Сортирање и селекција
Секогаш го практикувам ова: новите работи доаѓаат, старите си одат. Се обидуваме да ги сортираме работите. Имаме кутија за играчки, место за облека, за ќебиња, простор за местење подароци, место каде што стои правосмукалката – сфаќате која е поентата. Ако нешто не користиме, го фрламе. Сè си има свое место. Клучот е во организацијата.

Правило број 4: Искористете го утрото
Никогаш не излегувам од дома без да ја спастрам куќата. Речиси никогаш. Децата мора да ги исчистат собите и да ги наместат своите кревети. Ако направат неред утрото, го расчистуваат пред да заминеме од дома. Сè мора да биде завршено до 7 часот и 20 минути. Всушност, секогаш и секаде доцниме, но куќата е средена.
Правило број 5: Еден ден за темелно чистење
Еднаш неделно, секоја недела. Тоа ни одзема околу 2 часа – подови, тоалети, телевизор, фрижидер, микробранова печка. Навистина се потребни 2 часа. Утринското чистење е доволно за потоа да немате премногу обврски. Пуштете музика и тој еден ден темелно исчистете – обично тоа се саботите.
Правило број 6: Нема потреба од правосмукалка
Барем не секојпат. Инвестирајте во метла (џогер) за прашина и средство за чистење. Дезинфицирајте го подот и избришете го. Јас тоа го правам по вечерата. Откако ќе исчистам, ја фрлам крпата.
Правило број 7: Свеќи
Слаткиот мирис од свеќите е одличен за домот да биде свеж. Има секакви видови, одберете го оној што го сакате. Јас обожавам свеќи. Исто така, проветрувајте почесто за да влегува свеж воздух.
Мојот сопруг „помага“, т.е. тој само го придвижува нередот наоколу. Но, се обидува и ми прави чај, па ќе замолчам. На крајот од денот некои од моите најдобри спомени произлегуваат од деновите кога бев дете и седев во три недели стара тврдина од чаршафи опколена со трошки и гледав „Хари Потер“. Чистата куќа не создава спомени. Но, организацијата на обврските ви дава повеќе време за креирање спомени.
Автор: Крешел Картер