Воспитување

„Имам 12 деца и сакам да ги разгалувам за Божиќ – погледнете што им купив“

Оваа мајка сака да ги разгалува своите деца за Божиќ – оваа година секое од нив ќе добие „ајпад“, многу играчки и секакви работи. Алиша Доерти од Њујорк и нејзиниот сопруг Џош го кренале подарувањето на повисоко ниво собирајќи тони подароци. Таа покажала што купила на семејниот профил на социјалните мрежи, а сите се изненадени од тоа колку работи спакувала.

Не штедејќи ни време ни пари, Алисија веднаш се фатила за работа и ја наполнила количката со облека, обувки, фудбалски ракавици и кошаркарски топки од спортската продавница. Таа, исто така, набавила неколку комплети играчки за борење за еден од нејзините синови и пет различни ѓердани.

Потоа отишла во продавница за чевли и купила четири пара патики. И иако неодамна им купила на сите нови „ајфони“, одлучила да отиде во продавницата на „Епл“ и да им купи сосема нови „ајпади 10“.

За помладите деца, Алиша зграпчила тони Барбики, игри со Хари Потер, лего-коцки и мини игри. Таа спакувала и хулахоп, сноуборд и „нинтендо“ со огромен куп игри.

Подароците не завршуваат тука…

@doughertydozen What do you want for Christmas? #MerryChristmas #ChristmasShopping #ShoppingHauls #ShopWithMe #OnlineShopping ♬ The Big Day – Alex Arias & Alexander Julius Wright

Потоа зела неколку картички за подарок, некои во вредност од 45 евра, а некои во вредност од 25 евра. Таа не штедела дури ни на нејзината огромна божиќна нарачка од Амазон, земајќи 50 евра за играчка „Хелоу Кити“, 60 евра за комплет картички покемон и 100 евра за пар лизгалки. Се чинело дека нема крај на нарачките на Амазон, бидејќи Алиша постојано „скрола“ за да покаже сè што нарачала.

Иако купила неколку поевтини артикли, како боици и бебешка облека, таа потрошила и околу 400 евра на слушалки за виртуелна реалност и 450 евра на „нинтендо“. Таа, исто така, направила посебна нарачка на облека за нејзината ќерка тинејџерка, внимавајќи да има доволно торби за да ги наполни со нејзината гардероба.

Децата дури ќе добијат и персонализирана хартија за завиткување со нивното име и слика.

Алиша ги завршила подароците со комплет соодветни пижами за сите 14 члена на семејството. Луѓето кои коментирале биле зачудени колку подароци купила, како и колку пари потрошила.

Автор: Ема Михановиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top