Воспитување

Да имате дете или не, не дозволувајте интернетот да одлучува за вас

Дали има нешто понапорно од оние што им дозволуваат на милијарда блогери на интернет да им влијаат на толку високо ниво што всушност почнуваат да веруваат дека да се има дете не само што е ужасна работа, туку е и ужасно искуство кое никогаш не го посакуваат?

Овој страв од имање дете е прераснат во тренд – тренд кој може да биде процесиран на многу начини, но најважно – не преку искуство. Ако сакате да бидете млада жена која нема деца, тоа е во ред, но нема потреба да им се наметнува тоа мислење и на другите. Една работа е да не се сака да се има дете – го разбирам тоа. Тоа е одлука која произлегува од лица што одлучиле што сакаат, а што не сакаат во својот живот. Сепак, сосема различна работа е онлајн да откривате за што „би требало“ да размислувате дента.

Дали веќе престанавме да ги вклучуваме мозоците?

Секој може да каже што ќе му падне на ум на интернет. Ве молам не ми кажувајте дека ги носиме сопствените одлуки врз основа на она што е тренд на „Фејсбук“. И ве молам, не ми кажувајте дека онлајн-мислењата се засноваат на факти во однос на одгледувањето деца. „Децата се страшни и многу бараат! Бегајте и не враќајте се назад“, вели трендот.

Ако не сакате дете, тогаш немајте да имате. Но, ве молам немојте да тврдите дека децата се страшен товар. Да, тие се товар и мирисаат и плачат – но, „вистината“ според информациите на интернет е дека децата се „јавачи на апокалипсата“ и дека секое од нив ќе ви го уништи животот, особено на жените. Спасете се себеси, жени! Низ вашата скапоцена вагина никој нема да помине. Освен, се разбира, ако не го најдете тој прекрасен маж. Бидејќи наоѓањето маж е број 1 приоритет, а имањето дете е против природата – очигледно!

Јас сум мајка и да, тешко е, но толку ми е драго што имав и имам сопствен ум и што избрав да ја донесам на свет најдобрата личност. Не можам да замислам што би било кога тоа не би се случило. Што ќе беше ако не мислев со моја глава, туку со „интернет“ глава?

Веројатно ќе немав дете и ќе знаев дека интернетот донел вистинска одлука за мене. Ако можете да имате дете и интернетот не ве натерал да мислите дека сте осудени на пропаст поради тоа, тогаш едноставно имајте дете! Имајте дете ако вашето тело го може тоа. Имајте дете и зборувајте од сопствено искуство, наместо од страв.

Имајте дете ако сте доволно среќни да имате и да си дозволите да искусите целосно искуство да бидете мајка и родител.

Имајте дете и искусете ја сета таа љубов за која сте слушнале претходно, пред ГОЛЕМИТЕ МИСЛИТЕЛИ да ве учат оти треба да мислите различно.

Имајте дете и покрај тоа што е тешко, бидејќи да ви кажам – имањето дете е прекрасно нешто и откако ќе го добиете, нема да зажалите во ниту еден ден од животот што сте го добиле. Ништо не било лесно во мајчинството. Јас сум сама, без партнер, сум видела сиромаштија, болест и ментално нарушување. Сум поминала низ тешки времиња со мојата ќерка, но секоја секунда од нашиот заеднички живот беше магична и вредна.

Ако навистина сакате да знаете што е љубов – имајте дете.

Ако сакате да знаете што има на „Твитер“, вклучете се онлајн и „твитајте“ за хорорите кои се појавуваат кога донесувате дете на овој свет. И не заборавајте да се потапкате по грбот што сте толкав воин на вистината и светлината.

Автор: Дори Хартли

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top