Бритни и Брент Проха одлучиле да живеат во приколка со своето семејство и да патуваат. Оваа одлука ја донеле во 2018 година. Имаат 5 деца на возраст од 4 до 13 години. Имаат и куче чие име е Хелен. Прво се сместиле во приколка која била премногу малечка за сите, па зеле поголема која ја претвориле во дом. Се преселиле во Хартленд Малард, а Бритни ја моделирала внатрешноста согласно потребите на семејството.
Кога влегувате во приколката, прво наидувате на дневната соба. „Една од причините зошто го направивме ова е затоа што сакаме да се забавуваме додека патуваме. Па, ни се допаѓа и тоа што кога се влегува во приколката има многу места за седење“, вели Бритни.
Таа ги дизајнирала каучите во дневната сова. Во приколката има 17 прозорци, па затоа никогаш не недостига дневна светлина. Во дневната има и две сини фотелји, кои одговараат на синиот кауч отспротива. Бритни го опишува својот дом како естетски уредена фармерска куќа, комбинирана со богати бои и текстури.
Нејзин омилен дел е дневната соба. „Ми се допаѓаат сините фотелји каде што читам. А има и многу големи прозорци, но и сите нè собира во овој простор“, изјавила таа. Семејството често гледа филмови заедно, а во собата има и камин. Кујната е веднаш зад дневната соба, а преовладува сината боја, со бели фиоки. Кујната е опремена со шпорет, микробранова печка и потребни други апарати за домаќинството.
Децата имаат своја соба на крајот од приколката. Претходно таа соба била гаража, но ја преудредила во простор за децата. Имаат кревети кои може да се вовлечат и пуштат за да имаат простор за играње. Тие учат од дома, па дополнителниот простор навистина им се наоѓа. Имаат и машина за перење облека и потпокрив.
Приколката има и трем кој овозможува дополнителен простор, а родителите спијат во своја приватна спална соба, каде што има голем брачен кревет и плакар.
Бритни вели дека се трудат да имаат што помалку предмети за семејството да живее едноставен живот, па така вршат пренамена на одредени предмети, на пример, гардероберот често е и просторија за работење. Таму има и телевизор на влечење, а во нивната спална соба и тоалет. И собата на децата има сопствен тоалет.
Семејството постојано патува, на секои две до три недели, и досега поминале низ 20 држави Сакаат да посетуваат нови места и знаменитости. Некогаш тоа ги чини многу, комбинирано со фактот дека се хранат органски. Но, тоа што немаат хипотеки им ги балансира трошоците.
Бритни истакнала дека на нејзините деца им се допаѓа овој животен стил. Кога семејството живеело во поголема куќа, сите имале свои соби, но Бритни секогаш ги наоѓала децата како спијат заедно во собата за играње. Семејството поминува и многу време на отворено, бидејќи ги сака авантурите.
„Мислам дека секогаш ќе патуваме, дури и ако купиме имот и имаме куќа на едно место, бидејќи ние сакаме да се движиме“, вели Бритни. Ги советува луѓето што се интересираат за ваков животен стил да имаат трпение, бидејќи на почетокот може да биде тешко, но потоа се воспоставува одредена рутина.
Автор: Саманта Гриндел
фотоизвор: Бритни Проха