Воспитување

Има еден татко кој ги дава највредните подароци…

„Има еден татко на кој ништо не му е тешко. Тој е татко на една ретка шумска вила и тоа го прави најсреќниот човек во универзумот. Има еден татко кој од првиот ден му менувал пелени на своето бебе, прв го бањал и неизмерно ѝ помогнал на мама. Тој секогаш го избира најслаткиот летен фустан, секогаш ја носи на најголемиот тобоган и најдобро ја учи да вози тротинет.

Има еден татко кој никогаш не е изморен. Кој ги знае сите игротеки во соседството, сите паркови и никогаш не го мрзи да ги помине, ако треба, сите во еден ден. Тој умее дури и да исплете плетенка и да направи да личиш на Елса. Ги знае сите цртани ликови и е најдобро друштво за гледање цртани.

Има еден татко кој најситно ја сече сланината и најдобро го мачка мармаладот на леб. И најдобро знае колку треба да се загрее млекото. Најнежно буди за во градинка и најбрзо го спрема детето.

Има еден татко кој ќерката ја учи да биде „витешка принцеза и воин“ и не му било тешко да излезе од една прослава и со својата ќерка облечена во бел фустан да помине еден час и да ја охрабри да се научи да се качува на голем тобоган со препреки.

Има еден татко кој најдобро чита приказни, кој и не сака многу да зборува, но со поглед се разбира со својата ќерка. Бидејќи погледот им е всушност еден. Има еден татко кој го учи своето дете што е почит, како се делат играчките, како се сакаат другарите, но и како да им подвикне на момчињата, кога треба. И така најдобро учиш дека на игралиште, на непознатото момче кое се турка, со полно право може да му викнеш: „Јас сум Сена Ристиќ и јас одам прва!“

Има еден татко кој им ги дава на своето дете и неговата мајка највредните подароци – љубов, внимание и време“.

Автор: Александра Ристиќ

Извор

Поврзани написи

To top