Кристина Озтурк живее со својот сопруг милионер Галип Озтурк, сопственик на хотел во крајбрежниот град Батуми во поранешната советска република Грузија, каде што сурогат-мајчинството е легално. А по 10 бебиња, вклучувајќи го и она што го родила природно, парот го сведе процесот на зголемување на семејството на уметност.

Сите потенцијални кандидати за сурогат-мајка поминуваат низ советување и потпишуваат правни документи пред да забременат со деца кои генско потекнуваат од Кристин и нејзиниот сопруг.

Младата мајка, која е по потекло од Русија, била самохрана мајка кога решила да се одмори и да отпатува во суптропскиот рај наречен „Лас Вегас на Црното Море“.

Средбата со нејзиниот сопруг била љубов на прв поглед, а го опишува како нејзин ментор, водич и принц од бајките. И Галип тврди дека тоа било љубов на прв поглед.

– Лесно е да се биде со неа, таа секогаш има насмевка на лицето, а истовремено е срамежлива и мистериозна. Таа е сопруга каква што отсекогаш посакував, со чисто и добро срце – вели Галип.

По првиот состанок, работите брзо се развивале. Кристина ја зела со себе својата ќерка Вика и се преселиле во Батуми. Таа вели дека и покрај фактот дека Галип е многу постар од неа, тој немал забелешки за големото семејство, иако веќе имал свои деца.

Тие се согласиле дека сакаат што повеќе деца, но брзо сфатиле дека нејзината репродуктивна способност не е доволна за да ги задоволи нивните желби. Затоа се одлучиле за сурогат-мајчинство, кое чини околу 8.000 евра по бременост.

– Во моментот имам 10 деца. Пред шест години ја родив мојата најстара ќерка Вика. Останатите деца ги носеа мајки-сурогати – вели таа.

– Не знам колку ќе имаме на крај, но не планираме да застанеме на 10. Едноставно не сме подготвени да разговараме за конечен број. Сè си има свое време – заклучува таа.

Иако признава дека е многу потешко да се одгледува големо семејство отколку што претходно мислела, нејзиниот план да има дете секоја година сепак не беше актуелен сè додека не дозна за можноста за сурогат-мајчинство.

Работите се поставени така што избраната клиника се занимава со сурогат-мајките, додека Кристина и Галип го следат здравјето на мајката и поставуваат план за оброк за време на бременоста. Парот избира само млади жени кои веќе родиле и немаат никакви зависности.

Тие имале проблеми само со една сурогат-мајка затоа што не сакала да се оддели од бебето, но законски немала никакви права и на крајот морала да им го предаде. Грузија дозволи сурогат-мајчинство во 1996 година.

Кристина не ја исклучува можноста да роди, но вели дека тоа не е практично во моментот бидејќи ин витрото ѝ го оптоварува телото. Таа вели дека луѓето сметаат дека има армија дадилки со оглед на тоа дека живее богат живот, но тврди дека денот го поминува со своите деца.

Извор



912

X