Иако понекогаш му е тешко на родителот да го гледа детето како се качува на високо лизгалиште, како трча во близина на голема површина вода или си игра криенка среде длабока шума, важно е да им дозволиме на децата да преземаат ризици во играта. Децата што играат поризични игри полесно ги препознаваат ризичните ситуации, им даваат поддршка на другите деца и подобро ги решаваат, вели Меган Зени, истражувач на игри.

Здрава изложеност на страшни ситуации

Изложеноста на поризична игра е всушност здрава изложеност на типични ситуации кои можат да бидат страшни, а токму тоа придонесува за намалување на стравот кај децата. Психолозите се согласуваат дека прекумерната заштита може да предизвика повисоки нивоа на анксиозност кај децата, а изложеноста на овој тип игра ги зајакнува децата и ја гради нивната издржливост. Многу родители ја разбираат рационалноста на овие тези, но во практика ќе им биде тешко да ги препуштат своите деца на поопасни видови игра.

Поризичните игри подразбираат игри кои вклучуваат висина, како што се качување, скокање од ѕидови, качување по јаже. Има и игри кои вклучуваат брзина како замавнување, возење велосипед и разни вртења, потоа игри со ножици, дупчалки, клинци, игли и кујнски апарати. Игри кои вклучуваат близина на оган или големи водни тела, како и игри во длабоки и непознати шуми.

Научете ги децата да ги слушаат нивните тела

Родителите не треба да ги тераат децата да прават активности што ги плашат, туку треба да ги научат да го слушаат своето тело и да реагираат како што се чувствуваат најбезбедно. Некои деца се бестрашни, па затоа е важно родителот да ги запознае со сите можни опасности што ги носат ваквите игри, не за да ги исплаши, туку за да им покаже дека треба да бидат внимателни. Истото важи и за децата што не се свесни дека со својата игра им нанесуваат штета на другите, на пример, фрлаат камења по нечиј автомобил. Треба да се предупредат и да им се објасни што предизвикува нивното однесување, но не треба целосно да им се забрани фрлањето, туку да се упатат на безбедно место каде што ќе можат да го направат тоа без да се повредат себеси или другите.

Ваквите игри обично бараат присуство и внимание од родителите, но и нивно одобрување и поддршка за децата што играат вака и ги истражуваат нивните можности.

Автор: Јелена Перван

Извор



912

X