Воспитување

Им ги зема парите на децата што ги добиваат за роденден и открива зошто го прави тоа

Мајка на две деца признала дека секогаш кога нејзините деца добиваат пари – за роденден или во некоја друга пригода – зема дел од тие пари. На многумина тоа им звучи чудно, но таа тврди дека има добра причина, со која ги воодушевила родителите на платформата „Тик-ток“.

Џенис Карњу (40) и нејзиниот сопруг Дејв секогаш кога нивните деца добиваат пари, земаат дел од тие пари и ги ставаат на штедна книшка, а мајката вели дека тоа на „децата им е сосема во ред“.

-Моравме самите да научиме многу за финансиите, а сега се трудиме да носиме добри одлуки за нашите деца, а во исто време ги учиме да го прават тоа за да не бидат во иста ситуација како ние кога бевме млади. Без оглед на тоа што парите „влегуваат“ во нашата куќа, без разлика дали се подарок, некои неочекувани пари од продажбата на нивните стари играчки или облека, сепак дел од нив оди на нивната штедна сметка, а дел на нивната сметка за трошење – рекла оваа мајка.

Таа во видеото објаснила дека ако нивните деца добијат, да речеме, 20 долари на подарок, земаат пет од нив и ги ставаат на штедна книшка, додека останатиот износ најмалите можат да го потрошат како што сакаат.

Така е и кога заработуваат од продажба на лимонада, па како што изјавила, ако заработат 100 долари, 80 долари се нивни за трошење, а 20 долари одат на штедна книшка.

@janicecurnew No, we aren’t taking their money from them – we are saving it FOR them. We are getting them used to the idea of paying themselves first, something we should all be doing! (This is also the reason they REALLY love getting gift cards for their birthdays though 😂) #financialliteracy #savingmoney #debtfree #downpayment ♬ original sound – JaniceCurnew

Џенис истакнала дека сето тоа го прават за во иднина кога, на пример, како возрасни ќе им треба депозит за да купат куќа, да имаат пари што би можеле да им помогнат.

-Парите што ги добиваат ги ставаме на штедна книшка уште од нивното раѓање – рекла мајката Џенис, додавајќи дека никогаш не е доцна другите родители да почнат да го прават тоа за нивните деца за да не бидат во долгови кога ќе пораснат.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top