Инстант нудлите, евтино јадење што се загрева на шпорет или во микробранова печка, се водечка причина за изгореници кај децата, покажува новото истражување на Универзитетот во Чикаго за медицина.

Истражувачите проучувале 790 случаи на изгореници на деца од 2010 до 2020 година. Тие откриле дека кај 31 процент, или 245 мали пациенти, причината биле инстант тестенините. Дури 40 отсто од изгорениците настанале кога малечките биле оставени без надзор.

„Се чини дека секое друго дете е изгорено од инстант тестенини“, вели доцентот по хирургија Себастијан Вруве, додавајќи дека топлината што се создава со загревање на тестенините може да предизвика изгореници од втор и трет степен кај секого, особено кај децата. Малите деца се особено ранливи поради нивното помало тело и потенка кожа“, предупредува тој и ги повикува родителите да ги надгледуваат малите.

Истражувачите појасниле дека скробната течност произведена кога инстант тестенините се варат остава уникатни изгореници во споредба со оние што ги произведува топлата вода. Ова може да доведе до хоспитализација и, во потешки случаи, до операција на кожен графт. Резултатите од студијата се објавени во списанието „Брнс“.

Во 2018 година, на Националната конференција на Американската академија за педијатрија биле презентирани податоци според кои супите со инстант тестенини претставуваат причинители кај секој петти случај на изгореници кај децата. Се покажало дека оваа храна е причина за повеќе од 9.500 изгореници кај деца на возраст од 4 до 12 години.

Извор



912

X