Финансиска помош за обезбедување средства за хигиена, пролонгирање на поддршката од 14.500 денари и во јуни или разгледување на можноста за еднократна финансиска помош за наредниот месец, како и најавување датум за повторно отворање, бараат игротеките од Владата.

Од Групацијата на забавни и рекреативни дејности при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција се пожалија дека поради коронавирусот не работат веќе 80 дена, па имаат проблеми не само со обезбедувањето плати, туку и со плаќањето на сметките и кириите. Oтпуштања во дејноста, велат, засега нема.
Игротеките не се против да направат скрининзи ако така одлучи Комисијата за здравство, но и за тоа, велат, се потребни пари.

– Платите се проблем, сметките за струја, комуналии и телефон се проблем, кириите се проблем. Нема игротека што не е во загуба од пандемијата. Поголемите веројатно имаат поголеми загуби, а помалите помали. Вработените се на работните места, а секоја компанија има до максимум десет вработени, не повеќе – рече претседателот Трајко Николовски.

Тој укажа и на неопходноста од дополнителни разговори со надлжените за прецизно да биде утврден протоколот на работа и превентивните мерки за повторно отворање на игротеките што е најдобро да биде на истот датум кога ќе се отворат и установите за згрижување деца.



912

X