Игротека

Игри за запознавање на учениците во прво одделение

Првите месеци од училишната година секогаш се стресни за првачињата. Не се сите во состојба веднаш да се приспособат на новиот режим и брзо да склопат пријателства со другите деца. Затоа, најдобро е да им помогнете да се зближат и да се запознаат низ игра. Еве неколку такви игри, одлични за почетокот на учебната година…

Освен што ќе им помогнат на децата да се запознаат и побрзо да ги запомнат имињата, овие игри имаат и други добри страни:

– Ја развиваат способноста за брзо помнење;
– Ги развиваат комуникациските вештини кај децата;
– Може да се играат како загревање;
– Наставникот ќе биде во состојба навреме да открие срамежливи и тивки деца;
– Ефикасен и едноставен начин за создавање уникатна заедница во одделението;
– Овие игри не се погодни само за на училиште – можете да ги користите и во летните кампови и на детските роденденски забави.

Игра 1: Да кампуваме

Лесен начин да се запомни името на другарчето. Задачата на секое дете е да стане и да го каже своето име и предмет поврзан со училиштето, а кој почнува на истата буква како неговото име. На пример: „Се викам Милица и ќе земам математика (учебник)“.

Важно: Станува збор за игра за меморија и поврзување. Детето има право да го именува само оној предмет чие име почнува со истата буква како и неговото име.

Играта може да се игра неколку пати во текот на првиот месец. Менувајте ја темата секојпат – одиме во библиотека, во парк итн.

Игра 2: Топка

Сите деца се во голем круг. Топката му се дава на детето што е прво напишано во дневникот. Задача: јасно да го изговори своето име + име на животно со кое се поврзува + топката да ја проследи до детето што е до него, во насока на движењето на стрелките од часовникот. Играта продолжува сè додека топката не се врати во рацете на првото дете.

Игра 3: Магична кутија

Имињата на сите деца во одделението треба да се напишат на ливчиња хартија. Измешајте ги ливчињата и ставете ги во кутија. Децата доаѓаат по ред и ги извлекуваат ливчињата. Кога ќе го извлечат ливчето, задача на ученикот е да се сети и да го покаже другарчето со тоа име.

Игра 4: Азбука на запознавање

Наставникот ги изговара буквите од азбуката. Децата чии имињата почнуваат со таа буква одговараат на 5 идентични прашања:

Твоето име.
Презиме.
Омилено јадење.
Омилен цртан филм.
Што правиш во слободно време?

Игра 5: Спротивности

Оваа игра најдобро би било да се игра во училишниот двор. Сите деца се редат во една линија. Наставникот се оддалечува од нив 3-4 метри и им поставува прашања. Сите деца што одговараат со „да“ одат чекор напред. Ако одговорот е не – стојат мирно.

Прашања што можете да ги поставите:

Кој од вас има 7 години?
Кој е роден во есен?
Кој има сестра?
Кој има куче дома?
Кој сака да танцува?
Кој може да скока?
Кој тренира фудбал?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top