Брилијантните умови на денешницата се лидерите во иднина. Но, овие умови бараат вистинско водство и обука за да можат да водат во иднина. Со поттикнување на вистинските вештини и воведување соодветни активности, можете да ги преземете вистинските чекори во обликувањето на вашето дете во самоуверена личност.

Пренесување јајца

Договарајќи се како група, лидерот нека одлучи како најдобро да го премести јајцето од едниот до другиот крај на дворот. Смислувањето креативни идеи е бонус. Пожелно е оваа игра да се одвива на отворено.

Цртање

Дозволете им на децата да нацртаат слика од себе на лист хартија, а потоа да се претстават како нацртаниот лик, зборувајќи за своите вештини и соништа.

Внимателно слушање

Спарете ги децата како говорник и слушател и оставете го говорникот да зборува за својот живот и семејството. Можете да го испитувате слушателот за различните аспекти од она за што зборувал говорникот и да проверите колку добро помни. Ова ќе ги развие вештините за слушање кај децата, кои се важни за да се стане добар лидер.

Слепи баби

Направете групи од деца. Секоја група ќе има лидер. Заврзете им ги очите на членовите на секој тим и соодветните лидери од секој тим, кои не се со врзани очи, ќе треба да го водат целиот тим на безбедно, користејќи јасни и прецизни команди на далечина.

Сличности и разлики

Децата нека зборуваат за тоа што е слично меѓу нив и другата личност, а што е различно. Ова помага да се прифатат сите како еднакви и да се негува пријателството.

Извор



912

X