Современите трендови во родителството инсистираат на тоа на децата да им давате родово неутрални играчки. Затоа, на момче треба да му дадете кукла за еден ден да стане подобар татко, а на девојчиња коцки за да може да стане инженер.

Дополнително, збор на годината според речникот „Меријам вебстер“ е „тие“. Американците отишле толку далеку во желбата да не го наметнуваат полот на своите деца, што дури и во матичната книга на родените може децата да ги запишат како „тие“, па децата подоцна сами да одлучат на кој род му припаѓаат.

Меѓутоа, научниците тврдат дека од самото раѓање девојчињата и момчињата се разликуваат. Велат дека тоа е условено од хормоните и дека тие уште како бебиња генерално посегнуваат по различни играчки. Момчињата ги користат своите механички и визуелно-просторни вештини, па најмногу играат со коцки, автомобили и камиони. Па така, тука спаѓаат сите оние играчки со кои се истражува просторот. Често може да забележите момче од 2 или 3 години како реди коцки и создава кула. Активностите засновани на конструкција се одлични за понатамошниот развој на фината моторика. Се смета и дека добрите моторни вештини се добра основа за развој на говорот.

Момчињата, исто така, сакаат да се движат и да ги придвижуваат предметите, што е поврзано со еволутивното наследство: мажите некогаш оделе во лов и борба со други племиња. Затоа, кога се мали, често рушат сè што им се наоѓа на патот. Кога малку ќе пораснат, момчињата сакаат да играат „војна“ и да придвижуваат роботи. А сакаат и да ги трансформираат предметите од еден облик во друг. Сè е во механиката.

Кога е веќе така, ајде да видиме уште некои од добрите страни на малите роботи и коцки

Игрите со фигури може да ја развијат имагинацијата

Во овие игри детето креира приказна за тоа што прават фигурите и како комуницираат. Ја смислува работата и развива драма во неа. Тоа му помага на детето да воспостави контрола над својот свет и да се чувствува моќно.

Развиваат и чувство за морал

Во ваквите игри, исто така, децата можат убаво да дефинираат што е добро и што е лошо, како што тоа го учат во бајките. Така развиваат свој морален систем.

Се развива имагинацијата

Децата ја развиваат фантазијата ако направат некоја поголема конструкција од коцки. Тогаш сфаќаат дека се креативни, дека можат да создадат предмети и со тоа стекнуваат поголема самодоверба. Како родител, можете да се приклучите во играта со своето дете, но да му ја препуштите иницијативата да смисли наратив. Тука сте да ја поттикнете неговата фантазија и да го поддржите самото да ја развива играта.

Автор: Мариа Милојковиќ



912

X