Играта е популарна затоа што е бесплатна. Нејзиниот создавач прави пари со тоа што во самата игра се купуваат различни предмети
Милиони луѓе ја играат видеоиграта „Фортнајт“, што значи дека нејзиниот создавач „Епик гејмс“ заработува стотици милиони долари на месечно ниво. Играта е достапна на секој уред, освен за „Андроид“. Станува збор за „Battle Royal“ игра, вид што е доста популарен. Може да се игра сам, во двојка или во тимови.
Во ваков вид игра 100 играчи започнуваат на голема мапа. Но само еден тим победува.
Играчите ја почнуваат играта немајќи ништо, но ја пребаруваат мапата и наоѓаат оружје или други предмети што им помагаат да преживеат. Во текот на играта се елиминираат еден со друг и полека одат до помала и помала област на мапата, до моментот кога останува само еден играч. Една рунда може да трае до 20 минути (во зависност од тоа колку долго ќе преживеете) и не можете да паузирате среде игра.
Играта е популарна затоа што е бесплатна. Нејзиниот создавач прави пари со тоа што во самата игра се купуваат различни предмети.
„Твич“ игра огромна улога во популарноста на играта. „Твич“ е стриминг-сервис каде што можете да гледате како луѓето играат видеоигри.
Ја играат сите стримери. Нинџа е најпопуларниот играч на видеоигри заедно со раперот Дрејк. Тоа е слично како „Бекстрит бојс“ и Том Круз да играат заедно тенис.
Еве што треба да направите ако вашето дете ја сака играта. За почеток, нема да му бидат потребни кредитни картички за да игра или да победи. Можноста за гласовен разговор не е неопходна, така што можете да ја исклучите ако не сакате вашето дете да разговара со непознати личности. Ако мислите дека може да стане зависно, тогаш поставете правила.