Италијанскиот фотограф Габриел Галимберти направи проект наречен „Приказни за играчките“ така што ги фотографирал децата од целиот свет. Ги посетил Индија, Америка, Кенија, Јапонија и уште 50 други држави. Идејата била децата да ги покажуваат своите омилени играчки.
Иако играчките на секое дете се различни, гордоста поради тоа што ги имаат е иста кај сите деца.
Фотографиите на Галимберти се едноставни, но истовремено и многу провокативни бидејќи отвораат многу прашања што се поврзани со животниот стил за сите нас во 21 век.
Преку својата работа Габриел главно раскажува различни приказни преку кои ја покажува сличноста и разликата на луѓето од целиот свет. Фотографирал и за „Сандеј тајмс“, „Стерн“, „Ле Монд“, „Гео“, „Мери Клер“, „Ла Република“.
– За помалку од две години посетив повеќе од 50 земји и направив живописни фотографии на кои момчињата и девојчињата ги покажуваат најомилените работи што ги имаат – играчките. Од Тексас до Индија, Малави преку Кина, Исланд, Мароко и Фиџи, ја фотографирав спонтаната и природната радост што ги обединува децата и покрај тоа што доаѓаат од различни средини. Без разлика дали детето има минијатурен автомобил или кадифен мајмун, гордоста што ја има е забавна и многу провокативна. Често пати учествував во нивната игра за да ги наместам играчките за фотографирање. И покрај некои разлики, најдов сличности во целиот свет. Дури и во различните земји намената на тие играчки беше иста, на пример, да ги штитат од опасностите и нештата од кои се плашат навечер – објаснува Галимберти.
Елијас (3), Швајцарија
Ене (6), Швајцарија
Вирџинија (3), Америка
Кеинор (3), Костарика
Стела (4), Италија
Ернесто (4), Италија
Павел (4), Украина
Таха (4), Либан
Мобин (3), Замбија