Задушувањето од бонбони или мали делови од играчките е вистински кошмар за секој родител. Иако можеби претпоставувате дека таквите ситуации се многу ретки, вистината е дека децата често се задушуваат. Според некои здравствени статистики, во најголем процент (15,5 отсто) причината за задушување се тврдите бонбони. Недоволно изџвакано месо е на второ место со 12,2 отсто, а коска во 12 отсто од случаите.

Фото: Јутјуб

Свесни за опасностите, лондонските педијатри од болницата „Сент Џон Ембјуленс“ објавија видео на „Јутјуб“ кое објаснува како во само 40 секунди можете да му помогнете на вашето дете ако се задушува и така да му го спасите животот. Видеото е прегледано речиси 9 милиони пати. Во него ликовите од популарниот анимиран филм на „Пиксар“, „Приказна за играчките“, ве водат низ четири едноставни чекори што треба да ги примените ако некогаш се најдете во ваква стресна ситуација.

Докторите преку анимираните ликови објаснуваат дека детето што се задушува треба да го легнете на вашите колена, а потоа петпати да го чукнете по грбoт. Ако не помогне ни тоа, свртете го детето на грб и со два прсти петпати притиснете го силно на градите, подолу од гркланот. Ова за некои може да биде тешко, бидејќи местото треба силно да се притисне, но имајте на ум дека така ќе ги ослободите дишните патишта и токму ова ќе му го спаси животот на бебето. Ако не помогне ни тоа, повикајте брза помош.

Погледнете го видеото и споделете го затоа што може да спаси нечиј живот, како што покажуваат и коментарите на самото видео. Една мајка напиша дека токму со овие потези си го спасила бебето.

Повеќе за оваа кампања можете да прочитате ТУКА.



912

X