Основачот на „Играчка како мене“ (Toy Like Me), Ребека Аткинсон, ги гледала своите деца додека играат со играчките и сфатила дека ниту една од нив не ги претставува луѓето со посебни потреби, па решила да направи нешто околу тоа.

Ребека го забележала ова бидејќи таа е родена глува, исто и нејзината сестра, во семејство во кое ја немале таа посебна потреба. Кога наполнила 17 години, почнала да го губи и видот и ѝ бил дијагностициран Ашер синдромот.

– Во тој период без загрижена, но сега сум повозрасна, го имам моето семејство и сум среќна – истакнала Ребека.

Ребека работела како новинар за многу организации каде што го научила знаковниот јазик. Сега ја води сопствената компанија „Играчка како мене“, идеја која првично почнала како кампања.

Ребека собрала неколку играчки и им поставила мини-апаратчиња за слушање, обоени инвалидски колички, протетички нозе итн. Тимот изработил фотографии од играчките и испратил примероци во компании за играчки за тие да се уверат дека поддршката за лицата со посебни потреби може да се зголеми на забавен, позитивен начин, со што ќе се победат негативните стереотипи. На овој начин децата може повеќе да се поврзат со играчките.

фото извор: hearinglikeme.com

– Секогаш во продавници за играчки гледам на која играчка би ѝ одговарало апаратче за слушање… луѓето мислат дека сум луда што играм со играчки на оваа возраст – вели Ребека.

„Играчка како мене“ соработува со истражувачи од Универзитетот „Голдсмит“, кои ги проучуваат ефектите од играњето со „играчки со посебни потреби“ од страна на деца што немаат посебни потреби. Откриле дека по само три минути игра децата се поотворени за пријателства со деца со посебни потреби. Ребека примила и писмо за благодарност во кое едно дете објаснило дека додека ги гледа таквите играчки, чувствува дека не е само.

Целта на Ребека е да се инспирираат децата и да се срушат стигмите за посебните потреби воопшто.

 

 

View this post on Instagram

 

#Love is in the air! #barbie #barbiedoll #ken #kendoll #hearingaid #deaf #deafandproud #signlanguage #asl #bsl

A post shared by #ToyLikeMe (@toylikeme) on

Автор: Ели Парфит



912

X