Игротека

Зошто топката е најдобрата играчка за вашето дете?

Топките се совршени играчки со неограничени можности за игра. Тие се еднакво забавни за бебиња и за поголемите деца. Освен што се одлични за физичка активност како шутирање и фаќање, тие можат да ја поттикнат и детската креативност.

Еве како можете да ги искористите различните видови топки:

  • Истражување со различни големини и текстури: Играњето со мало и меко волнено топче нуди сосема поинакво тактилно искуство во споредба со тешката кошаркарска топка. Менувањето на големините и формите им помага на децата подобро да ги развијат своите рефлекси.
  • Топчиња за пинг-понг за најмалите: Овие топчиња имаат совршена големина за малите детски рачиња, што ги прави лесни за држење и фаќање, а тоа кај децата ја развива фината моторика.
  • Поттикнување на фантазијата: Топката не мора секогаш да се тркала или шутира. Поттикнете го детето да размислува што сè може да претставува таа тркалезна форма. На пример, едно мало топче може да биде Месечината или, пак, со неколку пинг-понг топчиња може да го направите целиот Сончев Систем.

Игрите со топки се евтини, лесно достапни и забавни за децата од сите возрасти и способности. Најважно од сè е што можете да ги практикувате и надвор во дворот, но и внатре кога времето е лошо.

Извор

Поврзани написи

To top