Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ ќе одржи голем спектакуларен концерт на 27 мај, на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.

Публиката ќе може во живо да ги слушне сите нивни огромни хитови од популарниот серијал, како и нов материјал, а концертот ќе биде збогатен и со специјални гости кои се чуваат како изненадување до самиот настан.

Првиот човек на „Авалон продукција“, „Бобан Милошески“ истакна дека интересот за овој настан е навистина огромен уште од првата најава за концертот и дека влезниците се трошат навистина многу брзо. Додаде дека проектот е многу сериозен и дека се работи со апсолутна љубов.

– Да бидеме реални, Македонија во својата независност, а и пред тоа има изградено многу малку сериозни брендови. „Дајте музика“ како бренд е институција на свој начин и поради тоа, ми претставуваше особено задоволство да влеземе во овој проект, да го обликуваме, да се обидеме да го дигнеме на едно концертно ниво и навистина ми е големо задоволство што ќе го организираме и не го делам овој проект од преостанатите светски проекти. Ова за мене е светски проект – изјави Милошески.

Според него, концертот на „Дајте музика“ ќе биде од секој аспект организиран беспрекорно, а со оглед на тоа дека настанот е наменет за детската популација, најмногу ќе се внимава на безбедноста на децата.

Цаци Паковска, продуцентка на проектот „Дајте музика“, рече дека децата се идоли на новите генерации и убаво е што македонската младина се идентификува со нив, а не со странски изведувачи.
– Свесни сме дека тие се промотори на добрите вредности, но и дека се главните промотори на македонската музика кај младите генерации. Поради големиот интерес, решивме „Дајте музика“ да се претстави со сериозно осмислен и организиран концерт во живо, на кој децата, а и родителите ќе имаат можност да уживаат и да се забавуваат – истакна Паковска.

На големо задоволство на новинарите, на прес-конференцијата беа присутни и главните ѕвезди на концертот Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска. Тие на новинарите им открија дека подготовките за претстојниот концерт на 27 мај течат со полна брзина и во најдобар ред.

– Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Енергијата на големата сцена на јуниорската Евровизија сакаме да ја доживеат и децата во Македонија, и затоа ви ветуваме незаборавно искуство. Ќе пееме во живо, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Ветуваме дека овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство – рекоа ѕвездите на концертот.

Тие ги поканија сите нивни обожаватели да дојдат на 27 мај на стадионот на АРМ во Скопје, а посебна покана и билети испратија и до децата од СОС Детско село.

Генерален спонзор на концертот на „Дајте музика“ е Бекутан, а покровител е „Вива сокови“.
Влезниците сѐ уште се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, на плоштадот „Македонија“ и онлајн на www.avalon.mk, и тоа по цени од 400 денари за партер и 600 денари за фан-пит.

(Комерцијална објава)



912

X