Ако терминот за пораѓај ви е во април или веќе имате дете родено во овој месец, прочитајте кои особини се специфични за него.
Зимата конечно заврши и природата повторно расцветува. Мајките на кои терминот за породување им е во април може да се сметаат за среќни бидејќи се синхронизирани со природата.
Науката вели дека месецот во кој сте родени може многу да открие за вас, па така постојат некои работи што се специфични за децата родени во април.
1. Веројатно ќе бидат ноќни птици
Истражувањето објавено во списанието „Слип“ открило дека луѓето што се родени во пролетните и летните месеци одат на спиење многу подоцна за разлика на оние што се родени во есен или зима.
2. Веројатно ќе бидат позитивни луѓе
Студентите од унгарскиот универзитет во 2014 година спровеле истражување и откриле дека бебињата родени во март, април и во мај се позитивни и оптимисти. Секако, велат дека тоа зависи и од местото каде што живеат, но сметаат дека може да се примени во земји во кои има суви, сончеви и топли лета, а ладни зими.
3. Имаат карактеристики на лидери
Според истражувањето на Универзитетот на Британска Колумбија, бебињата родени во март и во април подоцна во животот побрзо ќе напредуваат кога станува збор за работа за разлика на оние што се родени во лето. Откако ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 компании помеѓу 1992 и 2009 година, научниците дошле до заклучок дека најмногу родени има во споменатите два месеца.
4. Имаат помал ризик за добивање астма
Истражувањата направени во 2015 година откриле дека луѓето што слават роденден напролет имаат помал ризик од добивање астма. Сметаат дека причината е поради тоа што се изложени на типични алергени во првите два месеца од животот, што може да го зајакне нивниот имунолошки систем.
5. Порано ќе бидат изложени на сончевите зраци
Ова не е баш толку добра вест, но би требало да бидете свесни. Порталот “mother.ly “ пишува дека пролетните бебиња во зрела возраст имаат поголем ризик за развој на меланом. Можеби причина е тоа што во најраните месеци од животот се изложени на сонце. Затоа, опремете се со кремови за заштита од сонце и користете ги при секои излегување со детето.