Минатата недела пред Здравствениот дом Бусовача во Босна и Херцеговина се одвивала филмска сцена. Околу 3 часот и 30 минути пред зградата се паркирал автомобил, а од него излегол маж и побарал лекар.

– Излеговме и на задното седиште видовме исплашена жена на околу 18 години која веќе почнала да се пораѓа. Немавме време да ја возиме понатаму, па ја породивме на паркинг – раскажува д-р Мирсад Мешан, специјалист по општа хирургија во болницата „Травник“ и надворешен соработник на Здравствениот дом Бусовача во Ургентното одделение.

Имало и добар тим со д-р Мешан на терен, кој учествувал во породувањето на младата жена.

– Набрзина подготвивме сѐ – чаршафи и потребниот стерилен материјал. Ѝ помогнавме на мајката, таа одлично соработуваше. Бебето се роди за околу половина час – раскажувал докторот.

Бебето не заплакало веднаш, па доктор Мешан, сеќавајќи се на своето искуство во педијатријата, активно го стимулирал да плаче.

„Ја пресековме папочната врвца, а мајката и бебето со амбулантно возило ги испративме во болница. Сè помина добро, со оглед на ситуацијата и местото на породување. Верувајте ми, ова е незаборавно искуство. Важно е бебето да е здраво, како и мајката. Она што го знам е дека тежи два килограма. Навистина убаво чувство“, заклучил д-р Мешан.

Извор



912

X