Есента е магично годишно време и постојат толку многу пријатни работи на кои се радуваме во есен. Но, се чини дека секое годишно време носи сѐ поголеми трошоци, особено со почетокот на новата учебна година.

Сепак, имаме добри вести. Во продолжение ви нудиме неколку забавни активности кои воопшто не се скапи. Еве неколку.

„Глампинг“ во дворот

Не мора да одите на скапо и луксузно патување за да уживате во привлечноста на глампингот. Авантурата на кампувањето можете да ја доживеете на гламурозен начин така што ќе направите фенси-шатор во средината на вашиот двор.

Во неколку чекори можете да ја добиете посакуваната удобност. Потребен ви е душек на надувување кој дополнително ќе го направите удобен со помош на меко ќебе и удобни перници. Ставете новогодишни светилки и украсете го ентериерот како што сакате.

Направете ужина и земете друштвени игри и книги за читање.

Направете домашен десерт

Есента е позната по вкусните задоволства. Затоа, добро би било да го научите детето да прави некаков десерт. Без разлика дали сака пита со јаболка, пита со тиква, кремаст чоколаден мус или топчиња рафаело, можете да најдете одлични рецепти на интернет.

Направете забава со цртање

Благодарение на интернетот и „Јутјуб“ и „Пинтерест“, денес можете да имате бесплатни часови по цртање и сликање во секое време, од удобноста на вашиот дом. Без оглед на возраста, талентот, преференциите и веќе стекнатите вештини, детето може да ги совлада основите на цртањето.

Посетете полиња со сончоглед

Кога зборуваме за застанување на патот за создавање спомени и фотографии, би доживеале магично искуство ако се упатите до поле со сончогледи.

Одете на пикник

Некои од најдобрите работи во животот се бесплатни или навистина евтини. Спакувајте се за пикник и однесете ги децата во парк да уживаат во есенското време.

Запалете камперски оган

Есента е совршено време да се запали камперски оган. Слушајте приказни од аудиокнига, пуштете неколку добри песни, пејте со децата покрај топлиот оган.

Извор



912

X