Воспитување

Идеално време за бањање на бебето за подобар сон

Кој родител не сака подобар сон за своето бебе? Родителите се подготвени да пробаат сè за нивното дете да спие речиси цела ноќ.

Ги следите сите препораки и совети за спиење, ги користите сите миризливи работи, а дали знаевте дека постои и идеално време за бањање? (Бонус-совети: функционира и за возрасни.)

Кое е оптималното време за бањање?

Група биомедицински инженери од Универзитетот во Тексас анализирале податоци од илјадници претходни студии за ефектот на бањањето врз подобриот сон. Односно, како се загрева телото во када или туш, како и ефектите врз сонот. Резултатите објавени во списанието „Sleep Medicine Reviews“ дошле до заклучок дека најдобро е детето да се капе еден до два часа пред спиење. Ако детето легнува во 20:00 часот, погрижете се да има убава топла бања помеѓу 18 и 19 часот.

Температурата е клучна

Друг фактор што го откриле истражувачите е оптималната температура. Се проценува дека водата мора да биде помеѓу 40 и 42,8 степени. „Кога ги разгледавме сите познати студии, забележавме значителни разлики во пристапите и наодите“, рекол д-р Шахаб Хахајег од Одделот за биомедицинско инженерство и главен автор на студијата.

„Единствениот начин прецизно да се утврди дали сонот навистина може да се подобри е да се комбинираат сите податоци и да се погледне преку нов објектив“.

Познато е дека топлите бањи и туширање го стимулираат терморегулаторниот систем на телото, ја подобруваат циркулацијата, но и го помагаат природниот деноноќен процес, односно природниот ритам на спиење.

Автор: Карина Шиждрак

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top