Ако вашето бебе почнало да јаде цврста храна, зимските месеци сигурно не ви се омилен период, па можеби ви недостига инспирација за кашички бидејќи на полиците во продавниците главно преовладуваат цитруси кои не се погодни за бебиња. Еве неколку идеи за хранливи оброци за бебиња, полни со витамини.

Кашичка од цвекло

Цвеклото се препорачува за бебиња со навршени седум месеци. Сварете половина од едно цвекло со средна големина и половина јаболко, па добро измешајте ги во миксерот. Доколку на бебето не му се допаѓа оваа комбинација, наместо јаболко, ставете круша или променете го размерот на состојките.

Кашичка од спанаќ

Доколку не можете да најдете свеж, користете замрзнат спанаќ. Комбинирајте го со компир, келераба или јаболко. Спанаќот само кратко сварете го, а останатото овошје или зеленчук варете ги одвоено, онолку колку што им е потребно, а потоа измешајте ги во миксерот.

 

Кашичка од тиква

Тиквата се препорачува по шестиот месец кај бебињата, па можете да му ја понудите на бебето на почетокот од воведувањето цврста храна. Тиквата ја намалува подуеноста во стомакот и добра е за варењето. Може да се комбинира со овошје и други зеленчуци или житарки.

Кашичка од авокадо

Бебињата можат да јадат авокадо од почетокот на воведувањето на храната. Не е потребна термичка обработка, што дополнително го забрзува подготвувањето. Едноставно, со лажица издлабете го мекиот плод и добро испасирајте го. Комбинирајте го со банана за да го подобрите вкусот.

Кашичка од круши и јаболка

Мајките често ја подготвуваат оваа кашичка за децата. Пред подготвувањето задолжително добро измијте ги плодовите и излупете ги. Комбинирајте ги со морков, келераба или целер. Исечкајте ги на ситни парчиња и сварете ги, потоа ставете ги во миксер и оставете кашичката добро да се олади.

 



912

X