Министерството за здравство информира дека вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип, е негативен на коронавирусот.

– И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но поради типичните симптоми на вирусот, беше повторен. Сите 7 лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на коронавирус во земјата – велат од Министерството.

Министерството за здравство информира и дека професорот д-р од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите – епидемиологот и двајцата инфектолози што се веќе таму.



912

X