Здравје

И татковците патат од постпородилна депресија

Уморна, ненаспана, нервозна, секоја млада мајка едвај чека нејзиниот партнер да се појави на вратата и малку да ја одмени во грижата за бебето. Меѓутоа, тој не се враќа од работа свеж, туку исто така е исцрпен. А бебето е гладно, плаче, треба некој да го нахрани, да го заспие…
Затоа и не нѐ зачудуваат податоците дека повеќе од една четвртина од новопечените татковци патат од некој облик на депресија.

Да се обезбеди и психолошки простор

На прв поглед е чудно затоа што татковците не се борат со бременоста, хормоните, болки во градите, но далеку од тоа дека им е лесно.
– Раѓањето на детето е голема промена, иако се подготвуваме девет месеци. Динамиката на односот меѓу партнерите се менува. Од една страна, за бебето е потребен простор во куќата, во орманот, во бањата, во кујната, за целата бебешка опрема и разните помагала. Исто така, мора да обезбедите и психолошки простор – затоа што партнерите вложуваат љубов и енергија во новото мало суштество, а не само во нивниот меѓусебен однос – вели психологот Тијана Даничиќ.

Во такви периоди жените обично интуитивно реагираат, а мажите не умеат најдобро да се снајдат. Се подразбира и дека мајката ја има командата, а татковците се оставени настрана.
– Тие се двоумат дали повеќе да се вклучат во грижата за бебето или повеќе да работат и да заработат, па така да покажат дека го чуваат семејството – ја објаснува Татјана главната причина за постпородилна депресија кај татковците.

Не реагирајте на зајадливите коментари на мајката

Нема сомнеж дека на секој млад татко му паѓа тешко, по работа, кога е многу уморен, да му се посвети на бебето што плаче. А и мајката е на крајот на силите по целиот ден поминат со бебето. И тогаш настануваат проблемите.
– Би било добро таткото да не ги фаќа при срце зајадливите испади на мајката што се предизвикани од хормоните, туку да ѝ обрне внимание, да ги замоли своите родители да го причуваат бебето еден-два часа и тие сами да отидат на кафе – советува психологот.
Исто така, партнерите би требало да се договорат околу распоредот на обврските. Доколку само таткото работи, добро би било по работното време малку да се одмори, па потоа да го причува бебето. Тогаш мајката може да си се посвети на себе, да оди кај некоја пријателка, да преспие, а вечерта заедно да го бањаат бебето.
Со разговор и договор сè ќе оди полесно!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top