Образование

И од септември во градинка ќе се примаат само вакцинирани деца

Уреден вакцинален картон ќе мора да достават родителите на дечињата кои од септември ќе се запишуваат во градинките. Ова правило ќе се почитува дури и да заврши епидемијата на морбили.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска изјави дека Владата е конзистентна во почитување на законите, кои и до денеска пропишуваат дека невакцинираните деца не треба да одат во училиште, ниту во градинка бидејќи, како што посочи, индивидуалното добро не може да биде пред колектоивното.

Фото: КолектифПрес

– За да можеме да ги заштитиме сите деца важно е тие да се вакцинирани и тоа е светска пракса и сметам дека треба да продолжи. Ние како Влада само ги почитуваме законите кои се многу години пред нас донесени – истакна Царовска.

Поврзани написи

To top