Одговорот на прашањето каков родител ќе бидете се крие во вашата ДНК. Истражување од научници од Мичиген покажало дека приближно 40% од родителската топлина, контрола и негативност кон децата се носат во гените.
Веќе знаеме дека може да наследуваме генски особини од своите родители, како бојата на косата или на очите. Меѓутоа, нова студија покажала дека го наследуваме и начинот на кој ги одгледуваме децата. Според истражувачите од Универзитетот во Мичиген, секој од нас ќе биде како нашата мајка или татко, дури и да не ни се допаѓа тоа.

Оваа студија се заснова на 56 слични истражувања во кои учествувале над 20.000 семејства. Резултатите од сите студии покажале дека од 23% до 40% од родителските особини се запишани во гените, односно гените влијаат врз начинот на кој ги одгледуваме своите деца.
Истражувачите посочуваат дека постојат повеќе фактори што влијаат врз одгледувањето на детето. Така, мајките и татковците имаат различни искуства од своето детство и различни особини.



912

X