Со оглед на тоа дека новороденчето изненадувачки се среќава со големи промени во начинот на живот, неговата потреба да се чувствува сосема е разбирлива. Блискиот контакт со родителот е најдобриот начин да ги задоволиме сите негови потреби, па и онаа за забава.

На штотуку роденото бебе рефлексите му овозможуваат да функционира. На пример, автоматски ја врти главата кога лежи со лицето надолу бидејќи така му се олеснува дишењето, потоа ја врти главата кон изворот на звук, па, се разбира, ќе започне да цица штом устата ќе се најде во близина на нешто. Со оваа и со низа други рефлексни реакции детето се бори за да се задоволи, но понекогаш тоа не е доволно, предупредува д-р Т. Бери Бразелтон од Медицинскиот факултет на „Харвард“, автор на светскиот бестселер за развојот на децата „Чудесни недели“. Кога му е топло, студено, кога е гладно, но и кога му е здодевно, бебето ќе реагира со плач. Многу деца го покажуваат темпераментот уште од првите денови, на пример, плачат веднаш штом ќе се разбудат бидејќи тоа е начинот да добијат внимание. Има неколку начини за да се смири и да се занимава детето.

Понудете му можност да види, слушне и да допре сè што му е интересно. Без разлика на тоа што нема да разбере што му зборувате, опишувајте му што гледате. Детето ќе ужива во слушањето на вашиот глас, а набрзо ќе почне и да препознава предмети. Но, збунувачко ќе му биде ако во исто време слуша и гласови, на пример, звукот од телевизорот. Тешко ќе се фокусира на повеќе гласови истовремено.

Поставете интересни предмети на место каде што детето може да ги види за да може да истражува со погледот. Експериментирајте со музика. Откријте кој вид музика најмногу го сака и која најмногу го смирува. Која активност и да ја одберете, нека ве води реакцијата на детето, а кога е музиката во прашање, таа во повеќето случаи го смирува.

Извор



912

X