Иако сонцето има позитивен ефект врз нашиот организам (извор е на витамин Д), некои деца страдаат од фотодерматоза – алергични се на сонце. Оваа алергија се манифестира со црвенило и црвени точки што чешаат. Посебно треба да се биде внимателен кај децата што имаат атописки дерматитис. Алергиските реакции може да ги предизвика сонцето и во текот на земањето антибиотици. Дополнителен проблем е кога децата се алергични и на кремовите за сончање без кои никако не смеат да излегуваат на сонце.

– Детските кремови и млеката за заштита од сонцето треба да бидат со заштитен фактор 50 и да бидат наменети за деца. За атопичарите постојат производи наменети за таква кожа што се купуваат во аптеките. Но, и со нив треба да се биде внимателен и прво да се пробаат на мал дел од кожата – објаснува педијатарот Џована Армано од Хрватска.

Најчесто во лето се присутни исипите што настануваат поради жештина, потење, несоодветен крем, предебела облека… Според д-р Армано, сите тие треба еднакво да се третираат.

– Треба што подолго време да се престојува на отворено, но под сенка. Климатизираните простории не се препорачливи. Децата треба да бидат облечени што помалку за кожата да дише, а облеката треба да биде свежо перена, памучна и лесна. Треба и што повеќе да бидат без пелени – советува д-р Армано. Важно е и да се измие кожата со слатка вода по капењето во море.



912

X