Како да разговарате со децата за тешките чувства?

Ако детето ја намириса вашата тага…
Гушнете го
Кажете му
Сите понекогаш сме тажни.
Тагата му дава длабочина на животот.
Тагата ѝ дава смисла на радоста.
Како и сè на светот, тагата ќе помине.
И кажете му на своето чедо
Сè е во ред.

Ако детето ја намириса вашата кавга
Гушнете го.
Кажете му
Луѓето понекогаш се караат
Но и тогаш се сакаат.
Низ расправијата се обидуваат
некако да се сретнат.
Како и сè на светов, лутината брзо ќе помине.
И кажете му на своето чедо
Сè е во ред.

Ако детето го намириса вашиот страв
Гушнете го…
Кажете му.
Стравот е корисен.
Нè прави внимателни.
Како и сѐ на светов, стравовите ќе ни поминат.
И кажете му на своето чедо
Сè е во ред.

Кога детето ќе види
Дека ви се срушил целиот свет
Дека сè ве боли
Дека е претешко
Гушнете го
Кажете му
Понекогаш луѓето паѓаат
Понекогаш сè се руши
Понекогаш толку страдаат
И носат рани на душата
Но, како и сè на светот
Тешките денови ќе поминат

И јас ќе станам
Заради тебе ќе можам.
Да видиш колку љубовта
Му дава сила на човекот…
Колку срцето може
Да се бори, да трае…
Колку солзите
Прават очите поубаво да сјаат…
И кажете му на своето чедо
Сè е во ред.

Непознат автор.



912

X