Општина Карпош соопшти дека и годинава ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение во основните училишта на општината.

– Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа досега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување стипендии за талентирани ученици и спортисти, бесплатни ужини, постојани реконструкции на училишните објекти – истакнаа од Општина Карпош.

Нагласуваат дека непријатно се изненадени од неодговорниот однос на одредени советници и ширењето лаги и шпекулации, како што посочуваат, со цел заработка на одредени политички поени, за наводно укинување на дневниот престој на четвртоодделенците.
Извор: МИА



912

X