Дали ја направивте вашата ЕКО-маска за ОНЛАЈН ЕКО-маскенбалот во организација на Рамстор мол, Пакомак и Шпаркасе банка?
Доколку сѐ уште не сте почнале со подготовката на ЕКО-маските со вашите најмили, сега е вистинско време да започнете бидејќи наближува изборот на најкреативните ЕКО-маски!
Фотографиите од изработените маски од матeријали што се рециклираат, како што се пластика, најлон, хартија и слично, ќе може да ги испратите во инбокс на фејсбук-профилот на „Рамстор мол“ на 1 април.
Албумот со фотографиите од вашите маски ќе биде објавен на фејсбук-профилот на „Рамстор мол“ на 2 април и ќе ѝ биде достапен за лајкување на пошироката јавност до 5 април.
Трите фотографии со најмногу лајкови ќе освојат штедни влогови од 9.000 денари за прво место, 6.000 денари за второ место и 3.000 денари за трето место, за детско штедење „Медо Штедо“ во Шпаркасе банка Македонија, а ќе бидат објавени на фејсбук-профилот на „Рамстор мол“ на 6 април.


Грижете се за вашето здравје и останете безбедни. Разбудете ја креативноста на вашите најмали, внесете им забава во секојдневието и бидете дел од првиот онлајн ЕКО-маскенбал.



912

X