Анксиозноста е ирационален страв или страв од потенцијален настан или ситуација, а често се јавува и кај децата.

Мадура Висвесвран, директорка на училиштето „Редвуд Монтесори“, забележува дека е важно родителите да го признаат стравот на своето дете. Игнорирањето на стравот може да доведе до сериозни ментални проблеми во подоцнежниот период.

– Разговарајте со вашето дете за неговите стравови. Нежно охрабрете го и поддржете го да се соочи со ситуациите за кои е загрижено – пишува во нејзината инстаграм-објава и додава дека родителите треба да избегнуваат да го критикуваат детето.

Како изгледаат симптомите на анксиозност кај децата?

Кај детето, родителите треба да обрнат внимание на вакви и слични изјави

„Не сакам да одам на училиште“.
„Можеш ли да останеш со мене?“
„Остави ме на мир!“
„Те мразам!“
„Не сакам да го правам тоа“.
„Ме боли стомакот“.
„Никој не сака да си игра со мене“.

Извор



912

X