Со оваа творба за хуманоста, слогата и знаењето Сара Цветкова – V б одделение од ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје освои прво место на 15. републички фестивал за литературно творење „Ракатки“. Ни ја прати нејзината менторка. наставничката Маја Василевска-Ставров

Сара со менторката Василевска-Ставров

ХУМАНОСТА, СЛОГАТА И ЗНАЕЊЕТО СЕ КЛУЧ ЗА УСПЕХ

Како птица во јато на далечен лет,
како вредна пчелка на опоен цвет,
како премрзната билка во зимски лед,
секој е различен во овој свет.

Во мојот универзум со магични бои срцето храбри приказни крои.
Рака за рака, збор со насмевка смела, пеам гласно за искрени хумани дела!
Жедно учам и искрено сакам, силна порака до народите праќам:
Да се подели радоста зрела, да се запре сечија солза врела!
Да се искорени омразата, да се засади за знаења вечна желба, така во светот ќе нема тага и делба! Среќата несебично ја подарувам, на крилјата од книгата слободна царувам, со дланките се борам против светскиот глад, ќе сторам сè да не згасне живот млад! Овој живот е еден и вреден, како божји дар, како пламен жар, без слога тој е сив и беден!
Под овој сончев небесен свод посакувам да ме чуе сиот човечки род:
Со волшебниот клуч за успех кој во срцето ми се вгнезди, отвори ги портите кон подобар свет, прегрни ги сите шарени и сјајни ѕвезди!

Во рубриката Читанката на Биби, Деца.мк почна да објавува детски литературни творби.
Напишаниот детски труд, заедно со податоци за детето, а доколку сакате и негова фотографија, можете да ни ги испраќате на info@deca.mk.



912

X