Воспитување

Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“

„Сказните на Биби“, најпопуларниот цртан филм што ги освои најмладите во цела Македонија, наскоро ќе почне да се емитува и во Хрватска.

Хрватската телевизија „Нова“ од Пула ги откупи правата за емитување на 26 епизоди од „Сказните на Биби“. Сказните ќе бидат синхронизирани на истриотски јазик. Ова е прв македонска анимирана серија што ќе се емитува на некоја телевизија надвор од границите на Македонија.

Договорот е потпишан на 5 години преку британскиот дистрибутер „Видеоплагер“, кој ги има правата за дистрибуција на цртаните филмови „Сказните на Биби“.

Интерес за најпопуларниот македонски цртан филм покажуваат и други европски телевизии.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top