Хрватска ИТ-компанија во соработка со најценетите невропедијатри во земјата развила систем за вештачка интелигенција кој, врз основа на видео од движењето на бебето, може да дијагностицира невроразвојно нарушување кое е тешко да се открие на таа возраст без поминати часови на тестови и анализи.

Врз основа на кратко видео од бебето, снимено со обичен мобилен телефон, благодарение на оваа технологија, можно е со рана интервенција да се ублажи или целосно да се запре прогресот на болеста и буквално да се спаси животот на детето!

За време на тест-периодот, кој ќе трае уште неколку месеци, ова „пребарување“ е бесплатно, додека системот за вештачка интелигенција, врз основа на собраните снимки и со невропедијатриското „туторство“ на поликлиниката „Сабол“, сè уште учи кој тип на движењат на бебето и со кое ниво на сигурност укажуваат на одредено нарушување, а повеќе за сето ова може да се најде на веб-страницата https://sendd.eu/.

Оваа благородна употреба и комбинација на модерни технологии, досега невидена во светот, е навистина импресивна!

Зад овој систем, наречен SENDD (Систем за рано откривање невролошки отстапувања), стои TIS GRUPA, хрватска ИТ-компанија со повеќе од три децении работа на глобалната технолошка сцена.

Извор



912

X