Воспитување

Христијан Воденски – победник во џиу-џицу турнир во Германија

Македонскиот 14-годишник Христијан Воденски, кој долги години се натпреварува во детските лиги во Германија во повеќе борачки вештини, освои нов медал. Овој пат тој беше најдобар во бразилско џиу-џицу за натпреварувачи до 48,3 килограми.

Се натпреварувал како дел од тимот на „Pyranha“ под водство на тренерот Омар Пикјоти. Првото место го освоил во категоријата У-16 на турнирот „Ултимејт Бетл Трејлс“.

Христијан со семејството долги години живее во градот Офенбах, Германија, и е германски НАГА шампион во сезоните 2014, 2015 и 2016.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top