Ако сакате бебето да спие поголем дел од ноќта, доењето на заспаното бебе може да биде решението што го барате. Идеален тајминг за доење на бебето е помеѓу 23 и 24 часот, непосредно пред да одите и вие на спиење. По некое време бебето ќе почне подолго да спие, а неговиот желудник ќе биде полн во поголемиот дел од ноќта.

Ако сакате да го храните своето бебе додека спие, ставете го на спиење во вообичаеното време. Потоа, околу 23 или 24 часот, нежно извадете го од крветчето и допрете го до градите или дајте му шишенце, а притоа не будете го. Ако бебето е доено, ќе му биде полесно бидејќи ќе му се разбуди инстинктот за цицање штом се доближи до брадавицата. Кога ќе го земете заспаното бебе в раце, важно е околната стимулација да биде што помала – немојте да палите светла, да пеете, ниту да му ја менувате пелена освен ако не е многу полна.

Откако ќе завршите со хранењето, нежно вратете го бебето во креветчето. Верувале или не, кај некои деца доењето или хранењето во сон супер функционира, а вие ќе бидете како преродени. Но, некои бебиња ќе се разбудат. Ништо не ве чини да се обидете неколку ноќи по ред. Ако бебето се разбуди околу 3 или 4 наутро, тоа е знак дека со овој начин на хранење не ја постигнувате целта, бидејќи сепак бебето не издржало до утрото, па подобро е да се препуштите на неговиот спонтан ритам на хранење.

Исто така, можеби ваквото хранење нема да им одговара на некои родители бидејќи сакаат порано да заспијат, и тоа е во ред. Во тој случај, исто така препуштете се на ритамот на бебето.

Кога можете да почнете со хранење на бебето во сон?

Со хранењето можете да почнете кога сакате, никогаш не е прерано. Ако сонот на бебето се продолжи во првите 3 месеци од животот, ќе имате и вие дете со ноќен сон. Со оглед на тоа дека децата на возраст од 8 месеци веќе можат да ја преспијат цела ноќ, препорака е на таа возраст да престанете со хранењето додека бебето спие. Бебето веќе е доволно големо пред да заспие да земе доволна количина храна за да не биде гладно во текот на ноќта, а и во тој период се започнува со дохрана.

Како хранењето во сон влијае врз новороденчињата?

Иако хранењето на бебето додека спие најчесто се однесува на едно хранење во доцните вечерани часови за детето да спие до утрото, творците на оваа метода на хранење, Фридман и Стејси Керол, сметаат дека кај новороденчињата би требало да се воведат две хранења, во 1 и во 4 наутро. Ваквото превентивно хранење, додека бебето спие, подразбира поретки ноќни будења и помалку плачење. Ако постапно го поместувате времето на хранење, бебето може да ја преспие целата ноќ на возраст од 4 месеци. Иако се нагласува дека оваа метода можеби нема да функционира кај сите бебиња, сепак вреди да се обидете.

Автор: Сања Маташиќ

Извор



912

X