Вашето семејство нека ужива во овие интересни и необични десерти во текот на патувањето.
Наместо беспотребно трошење пари на храна кога сте на пат, следниот пат понесете ја својата кошница за пикник. Еве неколку идеи да направите интересни и необични десерти за своето семејство на патување.

1. Мафини со сирење и пченка
Состојки:
* една шолја млеко
* едно јајце
* две шолји брашно
* 50 г путер
* половина лажичка сол
* 1 лажичка прашок за печиво
* 1 шолја пченка
* 1 шолја пченка во крем
* 1 шолја рендано сирење
* чадена сланина (по избор)
* малку магдонос

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Во голем сад измешајте ги пченката и пченката во крем, сирењето и стопениот путер. По избор можете да насечкате сланина и магдонос. Во друг сад измешајте ги јајцето и млекото, а потоа додајте ги брашното, прашокот за печиво и солта. Лесно измешајте ги содржините од двата сада. Масата турете ја во модлички за мафини. Печете дваесетина минути додека не заруменат.

2. Печени триаголници со месо
Состојки:
* лиснато тесто
* 180 г мелено месо
* 1 лажичка маслиново масло
* половина лажичка лук во прав
* половина лажичка исечкан ѓумбир
* половина лажичка чили

Подготовка:
Загрејте го маслото на тавче и пропржете го месото околу 5 минути. Додајте ги зачините и пржете уште 2 минути. Пресечете го лиснатото тесто на три ленти. На четвртина од лентите ставете месо и завиткајте ги во форма на триаголници. За да бидете сигурни дека добро сте ги затвориле, краевите намачкајте ги со вода. Ставете ги триаголниците на плех и печете ги 20-ина минути на температура од 190 Целзиусови степени.

3. Лесни мини-пици
Состојки:
* едно пакетче лиснато тесто
* доматен сос или кечап
* моцарела
* додатоци по избор (шунка, пиперка, лук, сирење)

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Лиснатото тесто сечете го во облици по избор. Намачкајте го тестото со доматен сос. Додајте ги состојките по избор и моцарелата. Печете меѓу 10 и 15 минути.

4. Сладок бар од житарки
Состојки:
* 80 г путер
* 80 г жолт шеќер
* 60 г (2 лажички) сладок сируп
* половина лажичка сол
* 130 г овесни снегулки
* 35 г сечкани суви јаболка
* 35 г сечкани суви смокви
* 25 г сушени брусници
* 25 г семки од тиква
* 2 лажички семки од сончоглед
* 25 г кокос

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. На тавче стопете ги путерот, шеќерот, сирупот и солта. Измешајте ги сувите состојки во друга чинија, па потоа додајте ги во растопениот путер и сируп. Намачкајте правоаголна тепсија. Истурете ја смесата, добро притиснете ја. Печете 18-20 минути. Тепсијата, откако ќе се излади, ставете ја во фрижидер и исечкајте форми откако добро ќе се олади.

 



912

X