Здравје

Храна за мозокот

Исхраната во детството има долгорочно влијание врз развојот на интелигенцијата, а некои намирници помагаат и за подобрување на меморијата и концентрацијата.

Генетиката не е единствената што влијае врз менталните способности на децата. Некои намирници се похранливи од другите, па им помагаат да развијат мозочни клетки и да ги подобрат помнењето и концентрацијата.

1. Лосос

Лососот е одличен извор на омега 3-масни киселини кои се од извонредно значење за растот и развојот на организмот. Истражувањата потврдиле дека луѓето што ги користат во својата исхрана покажуваат подобри резултати на тестовите на интелигенција.

2. Јајца

Јајцата се познати како силен извор на протеини, а жолчката содржи хранливи елементи кои ја поттикнуваат работата на меморијата.

3. Кикиритки

Кикиритките и путерот од кикиритки се добар извор на витаминот Е и силен антиоксиданс кој ја штити нервната мембрана. Овие намирници му помагаат на детскиот нервен систем за да ја искористи глукозата за добивање енергија.

4. Овес и овесна каша

Овие намирници ќе му обезбедат на детето доволно енергија да се разбуди и да остане концентрирано во текот на училишниот ден. Овесот е извор на витамините Е и Б, магнезиум и цинк, што е доволно мозокот да функционира со полн капацитет.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top