Здравје

Храна што трудниците не смеат да ја јадат

Иако лекарите денес тврдат дека трудниците можат да прават речиси сè што прават и жените што не се бремени, под услов да имаат редовна, здрава и ненарушена бременост, сепак, има некои работи што се опасни за нив. Една од забраните особено тешка за прифаќање им е на љубителите на суши. Имено, д-р Лоренс Стит, гинеколог и професор на Универзитетот во Мериленд, изјавила за „Ромпер“ дека има добра причина за поставување на забраната.

Зошто бремените жени не можат да јадат суши?

„Трудниците не треба да јадат суши бидејќи сировата риба го изложува бебето на ризик од изложеност на бактерии“, вели д-р Стит. Истото важи и за нарезоци, тврди таа. Ова правило треба да се почитува веднаш по почетокот на бременоста, а според некои и порано, бидејќи ризикот е голем. За да избегнат развојни компликации, д-р Стит ги охрабрува бремените жени само да се откажат од омилените суши оброци во текот на бременоста.

Дали зготвената риба е во ред за бремени жени?

„Да, зготвената риба е во ред“, вели Стит, „под услов да е целосно зготвена и да достигне внатрешна температура од најмалку 74 Целзиусови степени.“ Морската храна може да биде добра форма на исхрана за бремени жени под услов да се избегнува риба богата со жива. Одлични опции се лосос, харинга, конзервирана туна и ракчиња.

Но, по сето горенаведено, бремените жени никогаш не треба да ги консумираат овие видови морска храна во сурова форма за да ги избегнат бактериите, живата, па дури и потенцијалните паразити.

„Главното влијание на паразитската инфекција што ѝ ја пренесува рибата на бремените жени е анемијата и изменетиот имунитет, што може да го зголеми ризикот од инфекција на мајката“, се вели во истражувањето во списанието „Obstetrical & Gynecological“. „Примарните ефекти врз фетусот вклучуваат интраутерино ограничување на растот и предвремено раѓање“, се вели во извештајот.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top