Британските и австралиските педијатри направиле интересен експеримент. Проголтале лего-коцки за да откријат колку долго им е потребно на природен начин да излезат од телото. Звучи неверојатно, но се одлучиле да го направат тоа поради малите деца што секојдневно завршуваат во болница поради голтање непосакувани предмети.

– Истражувањето почна како шега на Божиќ. Но, поентата е дека секојдневно во болница примаме деца што проголтале некој предмет – изјави докторката Теса Дејвис, која е една од шесте доктори што учествувале во експериментот.

Според зборовите на лекарите, сè уште никој сериозно не истражувал колку време им треба на проголтаните предмети за да излезат од телото, па нема ни насока како да се постави лекарот. Иако кај децата овие случаи се чести, единствено на што може да се потпрат докторите е искуството. Затоа овие шест доктори одлучиле да се впуштат во овој експеримент, кој би требало да им помогне и нив и на родителите во постапката.

Експериментот на крајот успеал. Докторите секој ден го прегледувале својот измет барајќи ја коцката. Иако малку бизарен, овој експеримент на крајот покажал дека се потребни два или три дена за коцката да излезе од телото. Секако, докторите никако не препорачуваат да правите ваков експеримент дома или за забава. Тие го спровеле со надзор и за информации потребни за помош на децата.



912

X