Пенелопе Круз и Хавиер Бардем беа номинирани за „Оскар“ оваа година. Среќни, насмеани и шармантни како и секогаш, овие актерски ѕвезди ја пронајдоа тајната на среќниот живот со нивните две деца Лео и Луна. Тие се запознале пред 30 години и останале во контакт по заеднички проект, но не се поврзале сериозно до заедничката соработка во филмот „Вики Кристина Барселона“.
„Не знам дали бевме срамежливи или се обидувавме да бидеме премногу професионални“, изјавил Бардем за „GQ UK“. „Како и да е, тоа беше последниот ден од снимањето и ништо не се случи. Па си помислив – Да! Подобро да се напиеме!“ За среќа, нашиот пријател имаше забава и – остатокот е историја. Фала му на Бога!“
Тие се венчаа во 2009 година. Набргу потоа го добиле своето прво бебе, момчето по име Лео. Бардем потоа прокоментира: „Животот се промени. Ние пораснавме. Сѐ е поинаку кога си семејство. Тоа е приоритет, како што и треба да биде. Ние не сме исклучок. Работиме колку што можеме, но разбираме дека тоа зависи од потребите на семејството. Важно е да не ве збуни фикцијата. Фикцијата е фикција, реалноста е посебна приказна“. Во јули 2013 година конечно добија четврти член од семејството, ќерката Луна.

Родителите имаат строги правила за социјалните мрежи
Бидејќи децата растат и повеќе не се толку млади, Круз изјавила за „CBS Sunday Morning“ во 2021 дека таа и Бардем спровеле строго правило – нема социјални мрежи додека децата не наполнат 16 години.
„Нема заштита за нив бидејќи мозокот сè уште се развива и тоа влијае врз начинот на кој тие се гледаат себеси, па сѐ е поврзано со малтретирање и булинг, односно толку многу работи се разликуваат од детството што го имавме ние“, објаснила Круз, признавајќи дека е „многу строга“. „Кога станува збор за користењето на технологијата, имаме некои исклучоци. Понекогаш можеме да гледаме филмови или некои цртани. Како да не им дозволам да гледаат филмови? Тоа беа неверојатни моменти за мене кога јас бев девојче.“, заклучила таа.