Тинејџерите во Холандија редовно се наоѓаат на врвот на позитивните листи, а училиштето игра голема улога
На час по биологија во средно училиште во близина на Ротердам, скелетот Герит не е единствениот што е постојано насмеан.
Во секој извештај Холандија се наоѓа на врвот на ОЕЦД-земјите за високо задоволство во животот кај младите луѓе. Ова е спротивна слика од сликата во земји како Велика Британија, каде што депресијата и вознемиреноста се зголемуваат кај тинејџерите, и Америка, каде што младите сѐ почесто посегнуваат по својот живот.
Но зошто оваа рамна, влажна земја од 17 милиони луѓе е толку добра што младите имаат толку позитивен и оптимистички став?
Д-р Симон де Рос, истражувач на Холандскиот институт за социјални истражувања, вели дека задоволството од животот кај тинејџерите не се намалило од 2013 година.
– Мислам дека холандските деца имаат генерално позитивни социјални способности и одржуваат добри врски со околината. Тие имаа средина што овозможува силна поддршка.
Мала невработеност и ниска нееднаквост
Холандските родители даваат голема поддршка и имаат контрола. Наставниците не се авторитарни, но ги прифаќаат чувствата на учениците, а учениците им веруваат.
Според извештајот, младите во Холандија се меѓу првите пет во јадење појадок во текот на работната недела и гледање два часа неделно телевизија. Исто така, тие имаат љубезни соученици кои секогаш им помагаат. Младите се наоѓаат на последните пет места кога станува збор за прекумерна тежина, секс пред 15 години и чувство на притисок од училиштето.
Резултатите одговараат со тие на Холандскиот завод за статистика од 2016 година, кој ја рангира среќата на младите Холанѓани на 8,4 од 10, а ПИСА-извештајот од 2015 година истакна дека земјата, заедно со Финска и Швајцарија, може да комбинира добри исходи од учењето со задоволни ученици.
Се разбира, во ова помага општата состојба на нацијата. Во Холандија има мала невработеност, релативно ниска нееднаквост и здрава економија.
Не се оптоварени со очекувања
Директорот на Светската база на податоци за среќа, професор Рут Венховен, исто така верува дека младите луѓе се помалку оптоварени со очекувањето да имаат многу добри резултати.
– Ако погледнете низ Европа, Холанѓаните и Данците повеќе се фокусираат на развојот на автономијата отколку на давање приоритет на послушноста – и тоа се вклопува во општеството. Децата се слободни да го прават она што го сакаат, а со тоа развиваат идеја за тоа што сакаат и ги развиваат нивните социјални вештини.
Намалена употребата на алкохол, дрога и цигари
И покрај репутацијата на земја каде што е слободно пушењето канабис, Институтот „Тримбос“ пријавува тренд на намалување на употребата на алкохол, дрога и цигари кај холандските деца на возраст од 12 до 16 години.
Истото важи и за исмејувањето и тепањето во училиштата. Ваквите притисоци не се екстремни во Холандија. Додека во училиштата во другите земји децата се соочуваат со малтретирање и исмејување, во Холандија тоа не е често.
Целосно државен училиштен систем
Холандскиот училиштен систем, речиси целосно државен, ги вклучува големите испити на возраст од 12 години и има три нивоа на средно образование, од практично до најакадемско. Но може да се напредува од едното во другото или да се повторува една година.
За граѓаните е многу едноставно.
– Во Холандија повеќето сме богати, повеќето работи околу децата се добро организирани, како на пример училиштето и здравството. Ако луѓето се сиромашни, се обидуваме да им помогнеме. Можеби затоа децата се среќни – вели Холанѓанецот Тјалинг.