Летото е сезона кога градските базени и аквапаркови се преполни со луѓе кои сакаат да побегнат од врелиот бетон и бараат освежување. За време на викендите обично е толку преполно, што не можете ни да пливате во базените. Покрај младите, најчести „гости“ на базените се семејствата со мали деца. А кога температурите се над 35 степени, ретко кој размислува за сите опасности што демнат во јавните базени.

На српските портали изминативе денови се појавија вести за две семејства кои откако престојувале во познат аквапарк, истата вечер завршиле во итната помош поради симптоми на труење со хлор. Не може да се каже да се избегнуваат базените бидејќи за некои семејства одењето на море е недостижно, но секако може да добиете совети за да се грижите за местата каде што одите и да го следите изгледот и мирисот на водата, како и дали кај децата се јавуваат невообичаени симптоми.

Што е хлор и зошто го има во базените?

Хлорот е вид хемикалија и е многу честа состојка во производите за чистење, како и во пестицидите. Повеќето луѓе знаат дека го има и во водата за пиење во многу мали количини затоа што хлорот е многу добар во борбата против бактериите. Може да се препознае по многу интензивен мирис, сличен на белилото. Може да се најде и во форма на гас, кога неговото вдишување е многу опасно. И во јавните базени се користи за контрола на бактериите во водата. Може да влезе во телото со вдишување и апсорпција. А кога пливате во хлорирана вода, сите три можности се во оптек.

Кои се симптомите на труење со хлор?

Интензитетот на симптомите зависи од количината на хлор на која личноста била изложена. Помала изложеност значи помалку симптоми, потешка изложеност може да предизвика дури и смрт.
Фактори што влијаат врз интензитетот на симптомите се:

-количината на хлор на која лицето било изложено
-периодот во кој било изложено
-начинот на кој лицето дошло во контакт со хлор (дали се работи за вдишување, варење или апсорпција).

Многу е важно да се знае дека симптомите може да се појават веднаш, но може да се случи и да поминат часови пред да се појават.

Некои вообичаени симптоми:

-заматен вид
-црвенило и иритација на очите
-црвенило, болка и иритација на места каде што хлорот бил во контакт со кожата
-чувство на печење во грлото, носот, очите и градите
-кашлање или кивање
-стегање во градите
-чувство како да не можете да дишете нормално
-гадење
-повраќање

Ако некое лице покаже симптоми и ги игнорира, тоа може да има трајни здравствени последици. Ако забележите некој од овие симптоми, веднаш посетете го вашиот лекар. При прегледот ќе бара знаци како забрзано дишење и отчукување на срцето, сина кожа, „паѓање“ на стомакот под ребрата при дишење, ширење на ноздрите и необичен звук при дишење, течење на носот, оштетена забна глеѓ.

Доколку пливате во јавни базени, се препорачува веднаш по излегувањето од вода да се истуширате, исто така и кога ќе се вратите дома и фрлете ја целата облека за перење. Сето горенаведено важи и за деца и за возрасни.

Извор



912

X