Со оглед на тоа дека миењето раце и правилната хигиена се од најголемо значење за спречување на коронавирусот, а освен сапун и вода се користат и дезинфекциски средства, педијатарот д-р Милош Релиќ од Србија зборува на што треба да се обрне внимание кога е во прашање хигиената на рацете на малите деца.

Родителите ќе ги измијат рацете секојпат пред да го допрат бебето, но дали е доволно и како да се одржува хигиената на бебешките рачиња?

– Редовната хигиена на родителите и на домашните што му приоѓаат, го држат и го галат бебето е доволна заштита. Ако бебето има над 4 месеци, може да се користат бебешки сапуни за миење и нега на рацете, бидејќи бебето често допира предмети, а потоа ги става рацете в уста.

Дали оној што го држи бебето треба да води сметка и за облеката или е доволно да ги измие рацете?

– Во време на епидемија треба да се води сметка и за облеката. Почесто менување или користење заштитен мантил и маска за еднократна употреба е потребно при секој контакт со бебето, доколку вирусот е во домот.

Може ли хигиената на бебешките раце да се одржува и со гел за дезинфекција?

– За бебето не е препорачливо да се користи дезинфекциско средство, бидејќи може да дојде до хемиско оштетување на кожата, а бебињата често ги ставаат рачињата в уста и ги тријат очите, па може да дојде до несакани реакции.

Како можеме најлесно да им ги измиеме рацете на бебињата и колку често треба да се прави тоа?

– Со сапун, влажни марамчиња или мицеларна вода. На малите бебиња избришете им ги, а на поголемите бебиња измијте им ги рацете. Се препорачува тоа да го направите повеќе пати во текот на денот.

На што треба да обрнат внимание родителите?

– Треба да се обрне внимание на личната хигиена на сите членови во семејството и да се зголемат мерките за заштита на сите лица што доаѓаат во контакт со бебето во време на епидемија. Потребно е почесто да се менува постелнината, да се проветруваат просториите, за бебињата и за децата да се користи облека од природни материјали кои може да се перат повеќе пати, што помалку да се употребуваат кадифени предмети, дебели килими и завеси во просториите во кои престојува бебето.

Автор: Весна Станимировиќ

Извор



912

X