Жалбената постапка веќе заврши и од следната недела ќе почнеме со дистрибуција на свидeтелствата до сите училишта во државата, изјави денеска за МИА директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи.

– Уште во текот на јуни беа дистрибуирани свидeтелствата и дипломите за матурантите кои завршија тригодишно и четиригодишно образование, како и за учениците од деветто одделение со цел непречено да можат да го продолжат своето понатамошно образование. Дистрибуцијата на свидeтелствата за останатите ученици доцнеше поради жалбена постапка која веќе заврши, така што од следната недела ќе почнеме и со нивна распределба по сите училишта во државава – вели Хасипи.

Извор: МИА



912

X